Рекордни 4,4 тони кокаин спакувани во контејнери за брашно од соја биле запленети во главниот град на Уругвај, Монтевидео. Уште еден тон бил запленет на фарма во департманот Сорианокако.
Станува збор за најголемата заплена на кокаин во Уругвај досега, објави канцеларијата на јавниот обвинител. Според процените на локалните медиуми, уличната вредност на дрогата надминува милијарда долари.
Уапсени се четири осомничени лица, меѓу кои и сопственикот на фармата. Според првичните сознанија на истрагата, уапсените планирале дрогата да ја сокријат во контејнери со соја и да ја испратат кон пристаништетото Ломе во Того, на западот од Африка.