Свет 24. ноември 2018. / 11:33

Во трговски центри пукотници и напади со нож на „блек фрајдеј“- има повредени

Во трговски центри пукотници и напади со нож на „блек фрајдеј“- има повредени

Во трговски центар во Њу Џерси за време на шопинг треската „блек фрајдеј“ дошло до инцидент со пукање во кој е ранет маж.

Во трговскиот центар во градот Сиракруз двајца мажи се избодени со нож.

Во вооружениот инцидент во трговскиот центар „Милс “ во Њу Џерси според портпаролката на градот Кели Мартинс повреден е маж , но за среќа неговите повреди не биле опасни по живот, пренесе АП.

По инцидентот нема уапсени , а ранетиот маж не сакал да соработува со полицијата, изјавила Мартинс.Според АП полицијата сега ги анализирала видео снимките од безбедносните камери.

По пукотниците трговскиот центар бил веднаш евакуиран.