Свет 29. јануари 2019. / 10:58

Во Тексас се убиени двајца напаѓачи и повредени петмина полицајци во престрелка

Во Тексас се убиени двајца напаѓачи и повредени петмина полицајци во престрелка

Четворица полицајци биле застрелани, а петтиот е повреден во станбена населба во Хјустон, Тексас, по престрелка за време на врачување налог за трговија со наркотици. Двајца осомничени биле убиени во престрелката, пренесува „Спутник“.

Во моментот можеме да потврдиме дека петмина полицајци се застрелани и пренесени во болницата „Меморијал Херман ” и во општата болница „Бен Тауб”, објави полицијата преку Твитер во понеделникот.

Двајца полицајци биле застрелани во вратот и се наоѓаат во критична, но стабилна состојба, додека уште двајца се под надзор во „Меморијал Херман“, изјави шефот на полицијата во Хјустон, Арт Ачеведо, неколку часа по престрелката. Еден од полицајците е веќе пуштен на домашна нега.

На прес-конференцијата во понеделникот вечерта, Ачеведо рече дека истрагата е во тек.