Свет 07. февруари 2020. / 18:20

Во Тексас погубен човек што си го убил семејството

Во Тексас погубен човек што си го убил семејството

Човек од Далас, кој пред 18 години дрогиран ги убил својата жена, двете деца и двајца роднини, е погубен во градот Хантсвил во Тексас.

Кога почнал да пука во семејната куќа во август 2002 година, Абел Охоа бил дрогиран и барал пари за да купи уште наркотици.

Тој тогаш ги убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи, двајца роднини а уште едно лице било тешко повредени.

Сакам да се извинам на своето семејство, на кое што му нанесов тешка емоционална болка – изјавил Охоа пред да му биде ставена смртоносна инекција, пренесе „АП“.

Охоа е второ лице кое е погубено оваа година во Тексас а трето во САД.

Уште седум погубувања се најавени во наредните месеци во Тексас.