Најновиот биланс за состојбата со корона вирусот во светот наведуваат дека вкупниолт број на заразени во светот изнесува 90.032 лица, а бројот на починати достигнал до 3.119.
Досега од заразата се излекувале вкупно 48.175 лица.
Бројот на заразени расте побрзо надвор отколку во Кина, земјата која беше примарно жариште на заразата.
Во Кина досега заболеле вкупно околу 80.200 лица, од кои во моментов има околу 30.000 активни случаи и 125 новозаболени.
Во Јужна Кореја вкупниот број на досега заразени изнесува малку помалку од 5.000, од кои 600 се нови случаи, 28 се починати и 4.812 се активни, пренесуваат британските медиуми.
Италија и Иран немаат новорегистрирани случаи на заболени. Во Италија вкупно се заболени 2.040 лица, а во Иран околу 1.500. Во Италија досега починаа 52, а во Иран 66 лица.
Во САД се регистрирани три нови случаи,а во Австралија, Пакистан и Еквадор има по еден новозаболен.