Во моментов во светот се тестираат и се развиваат вкупно 155 лекови и 79 вакцини за борба против корона вирусот, објави австрискиот Институт за медицинска технологија (АИХТА)
Според анализата на Институтот, повеќето лекови во развој се веќе одобрени за употреба против други инфекции.
Од „кандидатите“ за вакцини, досега ниту еден проект не ја поминал фазата на развој.
Анализата, спроведена на барање на австриското Министерство за здравство, треба да помогне во донесувањето одлуки – кој е најдобар од развиените препарати кога здравствениот систем ќе биде во состојба да избира помеѓу повеќето лекови и вакцини против Ковид-19.