Свет 16. април 2020. / 12:25

Во светот има вишок на нафта, резервоарите и танкерите се преполнети

Во светот има вишок на нафта, резервоарите и танкерите се преполнети

За само три или четири недели, светот нема да има каде да ја складира нафтата.

Во складиштата и во танкерите речиси и да нема веќе место. Поради рекордно ниската цена на нафтата, таа се купува и се прават резерви кои еден ден ќе се продадат по многу повиски цени – изјави сопственик на една од најголемите енергетски компании „Гунвор“, Торборн Торнквист..

Рафинериите во Русија исто така наскоро нема да имаат каде да ја складираат нафтата, па ќе бидат принудени да изнајмуваат цистерни од железниците.

Сепак, од технички причини невозможно е да се запре производството на нафта.