Најмалку двајца Палестинци се уабиени во израелски воздушни напади во Газа, додека најмалку тројца Израелци се ранети во палестински ракетни напади во правец кон Израел. Израелската војска денеска гаѓала десетина цели во Газа, додека припадниците на палестинското движење Хамас, за време на денот испалиле десетина ракети преку границата, пренесе Ројтерс.
Откако меѓу двете страни избија досега најголеми судири од војната во 2014 година, неименуван претставник на израелската влада соопштил дека Израел одлучил да преземе силна акција против агресијата во Газа, пренесува британската агенција.
Здравсвтени претставници во Газа соопштиле дека двајца палестински тинејџери се убиени во израелски воздушни напади. Очевидци велат дека во воздушните удари била погодена празна зграда во градот и дека жртвите биле минувачи.
Портпаролката на израелската војска засега не ги коментира овие наводи, додава британската агенција.