Украинските власти соопштија дека еден нивни војник е убиен и тројца се повредени во судири со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.
Министерството за одбрана во Киев денеска соопшти дека сепаратистичките борци го прекршиле договорот за прекин на огнот 46 пати во изминатите 24 часа отворајќи оган со артилерија, митралези и минофрлачи.
Сепаратистите поддржани од Русија велат дека силите на украинската влада 15 пати го прекршиле прекинот на огнот употребувајќи ист тип оружје.
Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу силите на Киев и сепаратистите кои контролираат делови на регионите Доњецк и Луганск.