Свет 28. септември 2018. / 19:08

Во судир со израелската армија во Газа, убиени се 5 терористи

Во судир со израелската армија во Газа, убиени се 5 терористи

Најмалку пет палестински терористи се убиени во судирите со изралските војници на границата од појасот Газа, изјави во петокот портпаролот на министерството за здравство во споменатата палестинска енклава, Ашраф ал-Кидра.

Судирите на границата од Појасот Газа и Израел продолжуваат веќе половина година во рамките на протестните акции „Големиот марш на враќање“, во кој учствуваат илјадници жители на палестинската енклава кои своевремено биле протерани од териториите коишто ги заземала израелската држава во ткн Шестдневна војна од 1967 година. Според агенциските извештаи, протестот во петокот бил еден од најмасовните во изминатите шест месеци.

Според процените на израелската војска, на денешниот протест се собрале над десет илјади лица, коишто фрлале камења и пиротехнички средства врз војниците, обидувајќи се да се пробијат низ заштитната ограда на границата. Армијата одоворила со употреба на „специјални средства“ и извршила воздушен напад врз северниот дел од појасот Газа, се наведува во извештајот.

Повеќе од 190 Палестинци се убиени во судирите со израелските бебедносни сили од почетокот на протестните собири во појасот Газа на 30-ти март. Околу 20.000 Палестинци во истиот период биле ранети, според палестински медицински извори.

Судирите на границата од Газа кулминираа на 14-ти мај годинава во песрет на одбележувањето на 70-годишнината од Накба (Денот на националната катастрофа – з,р.), кое се совпадна со одбчежувањето на седумте децении од создавњето на Државата Израел и церемонијата на почетокот од преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.