Свет 19. август 2020. / 10:42

Во современата политика нема место за крволочни диктатори

Во современата политика нема место за крволочни диктатори

Европската Унија мора да ги преземе сите расположливи мерки за да им помогне на граѓаните на Белорусија да го срушат крволочниот диктатор Александар Лукашенко.

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

Денешната средба мора да заврши со конкретни мерки со кои Кремељ ќе биде спречен да му помага на својот сателит-диктатор.

Лукашенко 26 години владее со Белорусија. Претходно повторно беше владар, преку советската комунистичка партија. За време на неговото владеење нотирани се илјадници политички затвореници, многу политички убиства и репресија кон сите кои креваат глас за слобода.

Лукашенко ги затвора, убива или физички малтретира сите оние кои размислуваат различно од него. Тој победува на избори со 80 проценти, затоа што постојано ги мести изборите.

Лукашенко практично е последниот комунистички диктатор во Европа. Европската цивилизација и европските вредности не толерираат вакво владеење и токму затоа ЕУ мора да ги преземе сите мерки за да му помогне на белорускиот народ да се ослободи од последниот комунистички диктатор во Европа.

Разочаран сум кога гледам како луѓе од Македонија по социјалните мрежи го поддржуваат овој авторитарен владар. Имаат среќа што не живеат во држава како неговата…

Јас како новинар не можам да имам компромиси во погледите кон ваквите. Не, не можам да прифатам дека е “нормално” да владее човек кој тепа, затвора и убива новинари!