Австриската Влада подготви план за евентуален втор бран на ширење на вирусот Ковид-19 што предвидува нови рестриктивни мерки, а меѓу нив се истакнува тоа што прво ќе бидат затворени училиштата.
Планот е фокусиран на превенција. Стапката на зараза и факторот на репродукција на вирусот детално ќе се анализираат и во случај на голем скок ќе се реагира брзо.
Всушност, ако во еден регион, општина, град или покраина има експоненцијален раст, Владата ќе воведе карантин.
Исто така планирано е да се воведе и физичко дистанцирање, угостителските објекти да се затворат, а на крај ќе бидат затворени и продавниците.
Австриската Влада се надева дека евентуалниот втор бран на зараза со корона вирусот би бил многу слаб.