Во Словачка во претходното деноноие не е евидентиран ниту еден нов случај на заразен со корона вирус, што е прв таков ден по 10 март.
Во оваа централноевропска држава со 5,5 милиони жители, со корона вирус досега се заразени вкупно 1.455 лица, од кои 26 пациенти починаа, а оздравеа 919 граѓани.
Во средата, Владата повторно ги отвори сите продавници кои се надвор од трговските центри, како и хотелите, музеите, галериите и туристичките атракции на отворено и дозволи одржување верски служби и венчавки со ограничен број гости.
Сепак, училиштата и натаму се затворени, а не е можно ниту патување надвор од границите. Сите кои од странство доаѓаат во Словачка мора да минат 14 дена во државен карантин.