Свет 22. март 2019. / 22:28

Во Сирија повеќе не постои територија на Исламската држава

Во Сирија повеќе не постои територија на Исламската држава

Белата куќа денеска соопшти дека целата територија која Исламската држава некогаш ја контролираше во Сирија е ослободена од екстремисти, иако американските државници наведуваат дека продолжува борбата межу силите на меѓународната коалиција и остатокот терористи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп рекол денеска дека дошло време Исламската држава веќе не контролира ни дел од територијата во тој регион, после 5-годишната војна.

За време на тие операции фрлени се повеќе од 100.000 бомби и загинале непознат број цивили.

Трамп на новинарите им покажал мапа од Ирак и Сирија на која се гледа дека Исламските екстремисти веќе не контролираат ниедна територија во регионот.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рекла дека калифатот на Исламската држава е елиминиран 100 отсто и додала дека Трамп добил извештај за развојот на ситуацијата од вршителот на должноста на американското министерство за одбраната, Патрик Шенехен.

Американските државници, запознати со ситуацијата на теренот, рекле дека Сириските демократски сили кои имаат поддршка од САД и понатаму се борат против последните екстремисти кои се кријат по тунелите во Багуз и одбиваат да се предадат.

Навеле дека СДФ се уште не прогласиле победа и дека за денеска не е планирано такво прогласување.