Свет 30. јули 2020. / 18:10

Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија

Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија

Во реонот на сирискиот град Хама се предвидува изградба на православна христијанска црква во која ќе се богослужи за христијани од Сирија и од странство.

Како што објави турскиот весник Сабах, повикувајќи се на либански медиуми, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул, која од неодамна е претворена во џамија од страна на турската Влада.

Идејата првично била на Николас Балбаки, владика во Грчката православна црква во градот Хама, каде што црквата има официјално претставништво.

Претходно проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија, весникот тврди дека проектот добил одобрение од руска страна.

Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, во областа на Хама, населен претежно со православни христијани.