Свет

Во Сирија исламистите украле хемиско оружје и убиле активисти на „Белите Шлемови“

Во Сирија исламистите украле хемиско оружје и убиле активисти на „Белите Шлемови“

Припадници на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава ја нападнале ривалската џихадистичка групација Хајат Тахрир ал-Шам, поранашената Џебхат ан-Нусра или сириското крило на Ал Каеда, во сириското место Латамне, соопшти во четвртокот рискиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.

„Како резултат на судирот, убиени се четворица милитанти и двајца соработници на организацијата Бели Шлемови“, се наведува во соопштението во кое се истакнува дека судирот се одиграл во средата.

Притоа се истакнува дека припадниците на Исламската джава успеале да земат од локалниот штаб на Хајат Тахрир ал-Шам два канистра со хлор. Потоа супстанцијата била пренесена на југот од покраината Алепо и предадена на локалната терористичка групација Харас ад-Дин.

Рускиот центар кој дејствува во Сирија истакнува дека западните земји, коишто претходно Москва повеќепати ги обвини за планирање провокација со исценирање наводен напад со хемиско оружје за што треба да бидат обвинети сириските владини сили, не ја зеле предвид исклучително сложената ситуација и односите меѓу ривалските бунтовнички групации во покраината Идлиб, којашто е последното поголемо упориште на милитантите, и каде Русија и Турција договорија заона на деескалација на судирите со притисок врз оние групации врз кои двете земји имаат влијание.

„Како резултат на ваквите неодговорни постапки, отровните супстанции паднаа во рацете на терористите на Исламската држава, чиишто дејствија е невозможно да се предвдат“, заклучуваат во рускиот Центар за помирување.

По објавувањето на инцидентот, руското министерство за одбрана објави видео на коешто се гледа како милитантите земаат буриња со хлор. Министрството, исто така, објави фотографии од местото на инцидентот со соодветни појаснувањат.