Главниот шведски епидемиолог Андрес Тегнел изјави дека од почетокот на јули во Шведска дошло до забрзан пад на бројот на заразени со коронавирус.
Но, зошто се случува тоа точно во тоа време и поради што е така неочекувано, мислам дека е малку тешко целосно да го разбереме, рекол Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“.
Тој додал дека се чини дека падот на бројот на новозаразени не е поврзан со празниците или некоја мерка која ја презеле здравствените власти.
Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуни луѓе во популацијата има некаква врска со тоа, но навистина не знаеме точно рекол Тегнел.
Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која беа избегнати поголем дел од строгите мерки кои ги воведоа повеќето земји, на некој начин успеала.