Свет 09. јуни 2020. / 15:04

Во Шпанија маските станаа задолжителни сè додека не заврши пандемијата

Во Шпанија маските станаа задолжителни сè додека не заврши пандемијата

Шпанскиот министер за здравство, Салвадор Ила, во вторникот објави дека граѓаните ќе треба да продолжат да носат маски за лице кога се во јавност се додека не се развие вакцина или друг третман на корона вирусот.

– Ако не се носи маска надвор кога не можат да се почитуваат упатствата за социјално оддалечување, ќе се казни со парична казна од 100 евра, предупреди тој.

Вонредната состојба во Шпанија поради пандемијата Ковид-19 е предвидено да истече на 21 јуни. Но, одредени правила, како што се задолжителните маски за лице, според денешната одлука на министрите на земјата, ќе продолжат да се применуваат.