Во Шпанија за првпат за едно деноноќие бројот на излекувани пациенти од корона вирусот е поголем од тој на новодијагностицираните, соопштија здравствените власти. За 24 часа, бројот на новозболени изнесува 2.796, додека бројот на излекувани 3.105 лица.
Бројот на оздравени за едно деноноќие со недели се движи меѓу 2.000 и 3.000 лица, но изненади бројот на новите случаи, зашто само пред четири недели тој достигнуваше меѓи 8 и 9.000 лица.
Кај бројот на смртни случаи е забележано мало намалување-367 лица, по неколкуте денови со над 400 починати. Но, и вака малото намалување е 2,5 пати под бројот на починати за време на пикот на пандемијата пред неколку недели кога имаше денови со 800 или 900 починати. Вкупниот број пациенти, кои го загубија животот, од почетокот на кризата достигна 22.524 лица
Бројот на оздравени лица во Шпанија изнесува близу 93.000 лица.