Свет 21. октомври 2018. / 13:51

Во Северна Нигерија загинаа 55 лица во верски судири

Во Северна Нигерија загинаа 55 лица во верски судири

55 лица се убиени во насилните судири што се случија меѓу припадниците на различни верски заедници во северната нигериска држава Кадуна во текот на изминатите неколку дена, изјави комесарот на локална полиција денеска.

Ахмад Абдур-Рахман рече дека конфликтите меѓу двете заедници во областа Касуван Магани во јужниот дел на Кадуна резултирале со апсење на 22 лица, објави Ројтерс.