Свет 12. ноември 2020. / 09:46

Во САД регистрирани преку 142.000 нови случаи на ковид-19 во еден ден

Во САД регистрирани преку 142.000 нови случаи на ковид-19 во еден ден

Соединетите Американски Држави продолжуваат да бележат рекорди во пандемијата на ковид-19, откако во последните 24 часа се регистрирани 142.279 нови случаи на вирусот што е најголема бројка на дневно ниво од нејзиниот почеток.

Британските медиуми наведуваат дека САД осми ден по ред пријавуваат над 100.000 нови инфекции. Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, расте од ден на ден и синоќа имало 64.939, што, исто така, е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа во САД починаа 1.464 пациенти како последица на ковид-19. Од почетокот на пандемијата, САД пријави вкупно 10,4 милиони заразени лица и 242.000 смртни случаи.