Неименуван претставник на американската Влада соопшти дека почнало клиничко испитување за оцена на вакцината намената за заштита од новиот корона вирус, а денеска треба да се вакцинира и првиот пациент.
Експериментот ќе биде спроведен во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје.
Според експертите, за да се потврдат ефектите од вакцината потребни се од 12 до 18 месеци.