Лекарите во болниците во САД се обидуваат да ги излечат заболените од корона вирусот користејќи методи стари повеќе од еден век, што се засноваат на крвна плазма од излечени пациенти.
Во крвта на луѓе кои оздравеле од вирусот претежно остануваат антитела или протеини, кои ги создал нивниот имунолошки систем во борбата против вирусот.
Од нив може да се земе крвна компонента која содржи антитела и може да им се даде на новозаразени пациенти, што е познато како „реконвалесцентна плазма“.
Овој метод првпат е користел во 1890-тите години.
– Историски гледано, ова функционирало. Пред да ги имаме вакцините, ова се користеше за заразни болести како морбили и дифтерија – објаснува Џефри Хендерсон, вонреден професор по медицина и молекуларна микробиологија на Факултетот за медицина на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.
Хендерсон додава дека „реконвалесцентната плазма“ исто така успешно се користела за време на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година.