Свет 15. август 2018. / 12:27

Во рушевините кај Џенова се слуша плач на преживеаните, спасувачите трагаат

Во рушевините кај Џенова се слуша плач на преживеаните, спасувачите трагаат

Според последните податоци, загинаа 35 лица, најмалку 16 се повредени, некои се во критична состојба, а уште најмалку 12 лица се сметаат за исчезнати и се трага по нив во несреќата кај Џенова.

Мостот во Џенова се сруши вчера околу 11:30, за потоа акцијата за спасувањето на заробените под рушевините да трае.

Спасувачите изјавуваат дека не губат надеж и нема да се откажат додека не ја спасат секоја жртва. Повеќе од 400 луѓе се евакуирани од околните куќи.

„Го имам поминато овој мост стотина пати. Сега, како граѓанин на Италија ќе направам се за да ги дознаам имињата и презимињата на сите одговорни за оваа трагедија, бидејќи е целосно недопустливо во 2018 година во Италија да се умира на ваков начин“ – се закани министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Мостот се срушил додела паѓала голема количина на дожд пропратена со силна бура, а наводно гром удрил во мостот пред тој да се срушу.