Свет 15. јануари 2020. / 12:27

Во Романија по три години регистриран птичји грип, угинаа над 11 илјади птици

Во Романија по три години регистриран птичји грип, угинаа над 11 илјади птици

Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) денеска соопшти дека во фарма во северозападна Романија откриен е вирус на птичји грип Х5Н8.

Првпат по три години во Романија е регистриран вирусот на птичји грип, од кои угинаа 11.190 од 18.699 птици во регионот Марамурес, што се наоаѓа на границата соо Украина и Унгарија.

Организацијата со седиште во Париз, повикувајќи се на романските ветеринарни служби, истакна дека другите птици од јатото се усмртени.