Свет 11. декември 2018. / 17:23

Во Рим е опасно по живот: Градот обвиен во токсичен чад

Во Рим е опасно по живот: Градот обвиен во токсичен чад

Се запали најголемиот центар за одлагање отпад во Рим , а пожарот од утрово до сега не е целосно изгаснат.

Чадот од запалениот отпад го обви градот , а жителите стравуваат од токсичните последици. Пожарот во северното предградие на Рим избувнал утрово во 4 часот , а пожарникарите на Твитер напишаа дека е ставен под контрола околу пладне.

Пожарот се уште не е изгаснат , а чадот се шири низ повеќе делови од градот. Градските власти ги предупредија граѓаните да останат во своите домови , доколку чувствуваат мирис на изгорено.

Се препорачува да не јадат овошје и зеленчук што се произведува на површините во близина на депонијата. Се размислува и за затвцорање на училиштата во тој дел од градот.

Причината за пожарот не е позната , а станува збор за најголемо одлагалиште на отпад каде дневно се преработуваат околу 800 тони отпад , што е од 20 до 25 % од вкупниот отпад што се одлага од градот.