Свет 11. септември 2018. / 09:41

Во пресрет на изборите: Штрахе го повика Орбан да формираат заедничка група во Европскиот парламент

Во пресрет на изборите: Штрахе го повика Орбан да формираат заедничка група во Европскиот парламент

Лидерот на австриската десничарска Партија на слободата (ФПО), Ханс Кристијан Штрахе го повика унгарскиот премиер Виктор Орбан да формираат заедничка група во Европскиот Парламент.

Политичките партии во Европската унија се реорганизираат во пресрет на европските избори во 2019 година. Од една страна, францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање на широк европски фронт против десничарските партии од ЕПП, каде носечка сила е Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Орбан ја засили соработка со партии кои не се во ЕПП, како што е Лигата на Матео Салвини во Италија.

Тој денеска треба да се обрати пред Европскиот парламент.

Европарламентот расправа дали да отпочне процедура за санкционирње на Унгарија во рамките на која може да се случи Унгарците да останат без правото на глас во ЕУ. Брисел се обиде да отпочне ваква процедура и против Полска, каде Владата ја формира десничарската партија Право и правда (ПИС), но Унгарија стави вето на овие планови.