Свет 13. септември 2020. / 16:00

Во пожарите во САД загинаа најмалку 28 луѓе

Во пожарите во САД загинаа најмалку 28 луѓе

Најмалку 28 лица загинаа во пожарите кои беснеат во западните американски држави.

Најголем број на смртни случаи се забележани во Калифорнија, каде 19 лица загинаа во пожарите. Најголемиот број жртви е пријавен во последните неколку дена

Во западните американски држави, регистрирани се повеќе од 100 пожари кои опфаѓаат над 1,9 милиони хектари, а најтешко погодени се Калифорнија, Орегон и Вашингтон.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир изјави дека претседателот Доналд Трамп утре патува во Калифорнија, со цел да добие извештаи за моменталната состојба од локалните власти.