Свет 30. април 2020. / 20:15

Во последните месец и пол повеќе од 30 милиони луѓе во САД останале без работа

Во последните месец и пол повеќе од 30 милиони луѓе во САД останале без работа

И покрај милијардите долари за поттик на потрошувачката, минатата недела 3,8 милиони американски работници се пријавиле како невработени, со што вкупниот број на невработени во последните шест недели се зголеми на повеќе од 30 милиони.

Податоците, кои ги објави Министерството за труд, покажуваат колку се тешки економските услови во САД.

Многу државни агенции се уште се преплавени со барања, оставајќи милиони луѓе со се помали ресурси да платат кирија или да купат храна.

Бројот на загубените работни места може само да биде полош отколку што тоа го покажуваат податоците на Владата, наведуваат економисти кои ги цитира весникот „Њујорк тајмс“.

Според студија на Институтот за економска политика, има околу 50 проценти повеќе луѓе отколку што се сметаше, кои можеле да се квалификуваат за бенефиции за време на последниот четиринеделен период, но се срамеле да се пријават или сметале дека постапката е премногу комплицирана.