Свет 23. јули 2020. / 09:36

Во последните 24 часа во светот се регистрирани 203.000 заразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во светот се регистрирани 203.000 заразени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие во светот се регистрирани 202.726 новозаразени случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се зголеми на 14,76 милиони.

Како што покажуваат податоците на Светската здравствена организација, во истиот период починале повеќе од 4.000 лица и со тоа бројот на смртни случаи надмина 612.000.

Најголем број новозаразени се потврдени во Северна и Јужна Америка, 109.052, со што од почетокот на пандемијата досега се инфицирани 7.811.127 луѓе.

Најмногу пријавени случаи и понатаму имаат САД, а потоа следуваат Бразил, Индија, Русија, Јужноафриканската Република и Перу.