Свет 22. мај 2020. / 13:12

Во последните 24 часа во Индија има 6.000 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Индија има 6.000 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 6.000 новозаразени случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус.

Информацијата доаѓа во момент кога индиските власти почнаа со ублажување на рестриктивните мерки и делумно го обновуваат националниот воздушен сообраќај.

Досега во Индија се регистрирани 118.000 случаи на Ковид-19, околу пет отсто повеќе од вчера, а починати се вкупно 3.853 лица.