Свет 14. јули 2018. / 12:36

Во поплавите во Јапонија загинаа најмалку 209 луѓе

Во поплавите во Јапонија загинаа најмалку 209 луѓе

Бројот на жртвите што настрадаа во поплавите и свлечиштата во западните и централните делови на Јапонија се зголеми на 209 лица, соопшти полицијата.

Како исчезнати се водат повеќе од 40 луѓе.

Локалните служби за вонредни ситуации со поддршка на полицијата и војниците ги продолжуваат операциите за пребарување и спасување на преживеани.

Тоа е најголем број на загинати во поплави во Јапонија од 1953 година. Тогаш на островот Кјушу загинаа 759 луѓе, а над 450.000 лица останаа без покрив на глава