Најмалку 11 луѓе загинале во поплави и лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови во југоисточен Бразил, соопштија локалните власти.
Двајца од загинатите се во Бело Хоризонте, во државата Минас Жераис.
Според медиумските извештаи, се очекува продолжување на обилни врнежи во таа земја и во другите делови на Бразил, вклучувајќи ги Рио де Жанеиро и Сао Паоло.