Повеќе од 2 000 луѓе беа евакуирани во полскиот град Глогов откако во реката беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Бомбата, тешка околу 250 килограми, беше откриена за време на чистењето на речното корито на Одра во градот Глогов, во југозападниот дел на Полска, кој за време на војната беше под германска окупација.
Еден полициски претставник во градот изјави за полската новинска агенција дека се спроведува евакуација на 2 000 до 3 000 лица, кои со автобуси ќе бидат транспортирани до блиското училиште пред да почне отстранувањето на бомбата.
Локалните медиуми објавија дека тоа е четврта бомба од Втората светска војна која во текот на минатата година е пронајдена во тој регион на Полска, објави АП.