Свет 03. април 2020. / 16:41

Во Перу мажите имаат дозвола за движење во непарни денови, жените ќе пазарат во парни

Во Перу мажите имаат дозвола за движење во непарни денови, жените ќе пазарат во парни

Перу почна да спроведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот, ограничувајќи го движењето на јавноста кај машкиот и женскиот пол.

Мажите можат да ги напуштат домовите во понеделник, среда и петок, а жените можат да го сторат тоа во вторник, четврток и сабота, додека во неделите не им е дозволено да ги напуштат домовите, пренесува Би-Би-Си.

Панама воведе слични рестрикции на почетокот од неделава.

Во Перу има 1.400 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 55 смртни случаи.