Свет 05. октомври 2018. / 10:14

Во Осло ќе биде објавен лауреатот на Нобеловата награда за мир

Во Осло ќе биде објавен лауреатот на Нобеловата награда за мир

Во Осло денеска ќе биде објавен лауреатот за Нобеловата награда за мир. Познато е само дека се предложени 331 лица и организации. Списокот со номинирани е тајна.
Лауреатот го избира петчлен нобелов комитет.

За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан од Швајцарија и Фредерик Паси од Франција. Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна.