Свет 20. јули 2019. / 20:25

Во операција со назив „Косово“ уапсени се шверцери на дрога и оружје

Во операција со назив „Косово“ уапсени се шверцери на дрога и оружје

Американската федерална агенција за имиграција и царина (ИЦЕ) и специјалните агенти на американското Министерство за внатрешни работи, помогнати од полицијата во Порторико, спроведоа операција наречена „Косово“, во која се уапсени 11 лица за шверц на дрога и нелегално поседување на оружје, објавено е на официјалната интернет страница на ИЦЕ.

Во акцијата спроведена во четвртокот, службите постапиле по обвинение дека неименувана организација шверцувала кокаин, крек, хероин и марихуана во една населба во Порторико, пренесе „Танјуг“.

Обвинети се вкупно 14 лица, од кои тројца и натаму се во бегство.

Им се закануваат затворски казни од минимум пет години, а максимум доживотна робија.