Тринаесет француски војници загинале во судир на два воени хелкиоптера во Мали, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.
До судирот меѓу хеликоптерите дошло за време на операција против исламските екстремисти, наведе Елисејската палата, без да ја даде точната локација на несреќата.
Околу 4.500 француски војници се стационирани во Мали, Нигер и Чад, како поддршка на нивните владини сили во борбата против џихадистите во регионот Сахел.