Свет 26. септември 2020. / 10:45

Во ОАЕ стапи на сила декретот за еднаква плата за мажите и за жените во приватниот сектор

Во ОАЕ стапи на сила декретот за еднаква плата за мажите и за жените во приватниот сектор

Во Обединетите Арапски Емирати во петокот стапи на сила закон со кој се овозможува еднакво плаќање на мажите и жените кои работат во приватниот сектор.

Манал бин Рашид Ал Мактум, претседател на Советот за родова еднаквост на Емиратот и најстарата ќерка на шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, се огласи на Твитер по повод таа одлука.

Таа процени дека ваквата одлука несомнено ќе ја зголеми социјалната вклученост на жените и ќе придонесе нивната улога во развојот на државата да биде позначајна.