Свет 30. октомври 2018. / 23:15

Во Нигерија убиени најмалку 27 шиитски терористи

Во Нигерија убиени најмалку 27 шиитски терористи

Најмалку 27 шиитски трористи се убиени во Абуџа, главниот град на Нигерија, од страна на нигериските трупи, соопшти денеска главното шиитско муслиманско движење во Нигерија.

Портпаролот на Исламското движење на Нигерија, Ибрахим Муса изјави дека шестмина шиити се убиени во саботата, а 21 во текот на вчерашниот ден. Нигериската војска соопшти дека убила шест лица и дека шиитските терористи отвориле оган кон војниците.

Муса пак изјави дека многу членови на Исламското движење учествувале во верската поворка која се совпаднала со протестот за ослободување на лидерот на движењето Ибрахим Закзакиј, кој е во затвор од декември 2015 година.