Свет 17. октомври 2019. / 12:09

Во несреќа кај Мека загинале 35 верници

Во несреќа кај Мека загинале 35 верници

Најмалку 35 верници загинале во автобуска несреќа во близина на светиот муслимански град Мека.

Како што соопштија од полицијата во Медина, несреќата се случила во 19 часот по локално време на  патот што води од Мека до Медина.

Во автобусот патувале државјани на азиски и арапски држави, но од полицијата не соопштуваат за кои земји станува збор.