Свет 24. декември 2019. / 09:39

Во Непал приведени 122 Кинези поради кибер криминал

Во Непал приведени 122 Кинези поради кибер криминал

Полицијата на Непал привела 122 кинески граѓани во рамки на операција против криминал извршен од странци кои се во државата со туристички визи.

Шефот на полицијата во Катманду изјави дека 122 Кинези, мажи и жени, се приведени во операцијата извршена по дојава за вмешаност во криминални активности.

Тие се осомничени за кибер-криминал и хакирање банкомати во Непал.