Доминиканецот, Сесар Емилио Перaлта е уапсен во Колумбија. Тој го добил прекарот „крал на кокаинот“ бидејќи наводно е одговорен за шверцување на еден тон дрога од Карибите во САД и во Европа.
Доминиканскиот државен судија соопшти дека 44-годишниот Перaлта е уапсен во понеделникот во утринските часови во Картахена, во северниот дел на Колумбија.
Според податоците од американскиот Федерално истражно биро (ФБИ), мрежата за шверц која ја водел Перлата била активна во Венецуела, во Порторико и во Колумбија.
Мрежата била откриена по околу 60 полициски акции, во кои се уапсени 18 луѓе.
ФБИ понуди 100.000 долари за информации за Пералта.