Од корона вирусот во Кина веќе починале 722 луѓе, а заразените ја надминале бројката од 32.000 лица, се наведува во соопштението на кинеските здравствени служби, кои секојдневно лиферуваат официјални информации за развојот на епидемијата во земјата.
Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од епидемијата на „САРС“, што во 2003 година предизвика смрт кај 774 луше.
Според последните податоци, од корона вирус, се заразени 32.000 луѓе низ целиот свет.