Свет 16. ноември 2019. / 23:30

Во Кина се забележани два случаи на една од најсмртоносните болести

Во Кина се забележани два случаи на една од најсмртоносните болести

Во Кина се пријавени два случаи на чума, една од најсмртоносните болести во историјата на човекот, соопштија властите.

Државната агенција Синхуа објави дека две лица од кинеската провинција Внатрешна Монголија неодамна биле дијагностицирани со чума на белите дробови во Пекинг. Тие се подложени на третман во Пекинг и преземени се превентивни мерки за контрола од страна на властите. Според Си-Ен-Ен, тоа е втор случај на долго искоренето заболување во регионот.

Чумата на белите дробови кај двајца пациенти во Кина е најинфективна и опасна и доколку не се лекува, може да биде фатална.

За време на средниот век, појавите на чума ја опустошија Европа, оставајќи зад себе околу 50 милиони мртви. Оттогаш, е откриено дека антибиотиците ги лекуваат повеќето болести ако се откриени навреме, но чумата не се искорени, туку, напротив, според категоризацијата на Светската здравствена организација, болеста се враќа.

Помеѓу 2010 и 2015 година, повеќе од 3.258 случаи се пријавени ширум светот, а 584 смртни случаи се пријавени ширум светот. Демократската Република Конго, Мадагаскар и Перу се најтешко погодени.