Шест Кинези завршија во затвор откако секој од нив ангажираше друг платен убиец за да изврши убиство што на крајот не било сторено.
Тан Јохуи, продавач на недвижнини, ангажирал платен убиец за да го убие својот бизнис ривал и му платил два милиони јуани (220.000 фунти). Сепак, убиецот му ја доделил работата на друг убиец, кој пак ја предал задачата на третиот платен убиец. Третиот убиец, сепак, решил да ја даде задачата на четвртиот и четвртиот на петтиот , пишуваат светските медиуми.
Сепак, наместо да ја заврши задачата, последниот убиец ја запознал жртвата, позната само по презимето Веи и му понудил да му помогне да ја лажира сопствената смрт.
Сите шесткинмина мажи беа осудени за обид за убиство и осудени се до пет години затвор.