Кина денеска пријави намалување на бројот на новозаболени од овид-19, но властите се загрижени поради зголемувањето на локалните трансмисии во североисточната провинција со границата со Русија.
Според податоците на кинеското министерство за здравство вчера биле потврдени 46 позитивни случаи, а во понеделникот 89.
ОД 46те новозаразени, 36 се поврзани со лица кои се вратиле во Кина од други земиј а останатите 10 случаи се пренесени локално.
Кога станува збор за овие десет случаи, осум лица се заразени во провинцијата Хелонгџианг и две во јужната провинција Гуангдонг.
Северо-источната провинција Хелонгџианг, како погранична провинција, е клучна за спречување на ширење на коронавирусот од Русија со враќање на кинеските државјани.
Кина ја затвори границата со Русија во близина на градот Суифене.
Сепак, нови случаи се пријавени не само во оваа провинција, туку и во Автономната провинција Внатрешна Монголија и во финансискиот центар на Шангај.