Свет 05. декември 2018. / 09:50

Во Кина падна жолт снег (ВИДЕО)

Во Кина падна жолт снег (ВИДЕО)

Обилни врнежи од снег има во регионот Синџијанг , чии жители на социјалните мрежи споделија многу слики и видеа од феноменот.

На почетокот паднал „обичен“ бел снег, а потоа  почнал да паѓа жолт снег.

Директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг, Хе Чинг објаснил  дека поради мешањето на снегот и песочната бура на земјата паднал снег во жолта боја.

-Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови . Во областа Карамај е забележана песочна бура. Поради ниските температури песокот паднал заедно со снегот, изјавил директорот Чинг.