Во Кина се регистирани нови 22 случаи на корона вирус. Ова е зголемување на бројот на нови инфекции во однос на претходниот ден, кога беа пријавени 16 случаи на вирусот.
Од 22 нови случаи, 17 биле пријавени во провинцијата Синданг, додека пет случаи биле увезени од странство.
Пријавени се и тринаесет асимптоматски случаи.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, којашто почна од Кина, во земјата се регистрирани 83.682 случаи, а како резултат на инфекцијата починале 4.634 лица.