Свет 07. јануари 2019. / 15:43

Во Кина е егзекутиран напаѓачот кој со нож повреди деца во градинка

Во Кина е егзекутиран напаѓачот кој со нож повреди деца во градинка

Mажот кој повреди 12 деца во напад со нож во градинка денеска е егзекутиран, јави денеска кинеската државна телевизија.

Насилни злосторства се реткост во Кина, но во последните години се регистрирани низа напади со ножеви и секири, од кои многу биле извршени врз деца.

Кинеската Централна телевизија (ЦЦТВ) потсетува дека во јануари 2017 Кин Пенган, земјоделец, избоде со нож за зеленчук деца во градинка, но ниту едно дете не им подлегна на поврeдите.

Локалниот суд во градот Пингџианг во јужната кинеска покраина Гуангџи го осуди Кин на смрт, а пресудата била изречена во петокот, откако ја одобрил Врховниот Народен суд на Кина, пренесува ЦЦТВ.